За нас

Кинестетик е центар за масажа и кинезитерапија кој ви го подобрува квалитетот на животот.

Тука ќе најдете корисни совети за како да се справите со болката, како да ја подобрите мобилноста и да го зајакнете телото. 

Центарот функционира успешно од  април 2018 година и бројот на задоволни и редовни клиенти само ни зборува за нашата посветеност кон работата.

Покрај завршување на формално образование на медицинскиот факултет св. Кирил и Методиј во Скопје, имаме и бројни доедукации тука и во странство. Како едни од најважните се курсот за ПНФ кој што наоѓа примена во неврологијата како и кај спортските повреди, Малиган мобилизација на зглобови за намалување или исчезнување на болката која потекнува од зглобовите, Невродинамика која се бави со моблизација на нервиот систем и може да се примени кај акутни и хорнични повреди како и кај невролошки пациенти и последно но не помалку важно Кинезиотејпингот кој што наоѓа голема примена кај акутните и спортските повреди.

Споделуваме најнови релевантни студии и истражувања на медицина базирана на докази за механизмите на болката и како може да се справите со неа. Рушиме застарени уверувања кои што се поврзани со хроничната болка, како и како да ги решите тие проблеми.

Наша визија и мисија се да ги воведеме новите стандарди во физиотерапијата, да им помогнеме на клиентите да се справат сами со своите проблематики и да направиме место каде што??? (за оваа визија и мисија се мачам три години како да биде) Да им помогнеме и да ги обучиме клиентите како сами да се прават со болката преку активен пристап и промена на погледот и пристапот кон проблемот. (Вежби, постепено оптеретување до максимално можно враќање на секојдневни и спортски активности)

Ивана Давидовска Игњатова – ко сопственик на Кинестетик, дипломиран физиотерапевт, сертифициран Малиган терпавет, уредник и автор на kinestheticphysio.com.mk.